Македонија 3,5 милиони евра за прекугранична соработка меѓу Србија и Македонија

3,5 милиони евра за прекугранична соработка меѓу Србија и Македонија

Европската комисија ја усвои првата Програма за прекугранична соработка помеѓу Србија и Македонија, чие финансирање е во висина од 3,5 милиони евра, обезбедено преку претпристапните фондови на Европската Унија (ИПА-фонд) за периодот 2016-2020 година.

За првата фаза на спроведување на оваа програма, во текот на оваа и на следната година на располагање ќе бидат 1,4 милиони евра, соопшти Делегацијата на ЕУ во Србија.

Приоритетот на програмата е промоција на вработувањата, мобилност на работната сила и прекуграничната социјална и културна инклузија, поттикнување на развојот на туризмот и зачувување на културното и на природното наследство.

Седиштето на Заедничкиот технички секретаријат ќе биде во Лесковац, а придружницата ќе биде во Куманово.

Во Македонија, програмата го опфаќа северозападниот регион од земјата – Кратово, Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Ракновци и Крива Паланка и Скопско – Арачиново, Чучер Сандево, Илинден, Петровец, Сопиште, Студеничани, Зелениково, како и Бутел, Ѓорче Петров и Сарај.

Површината на која ќе се спроведе програмата е поголема од 10.000 квадратни километри и опфаќа 30 општини со околу 732.000 жители.