Свет Свет 27 жртви во експлозија на автомобил бомба во Багдад

27 жртви во експлозија на автомобил бомба во Багдад

Бројот на загинатите во експлозија на автомобил бомба во шиитскиот дел на Багдад се зголеми на 27 лица, а повеќе од 45 лица се ранети, соопштија полицијата и медицински извори.

Ирачките власти наведуваат дека пет лица се водат за исчезнати.

Експлозијата се случила во прометна улица во населбата Амил, наведуваат изворите. Одговорноста за нападот ја презеде сунитската милитантна група.