Свет 25 години од падот на Берлинскиот ѕид

25 години од падот на Берлинскиот ѕид

Берлинскиот ѕид беше изграден во 1961 година со цел да престанат источнаогерманците да бегаат кон Запад

Германија денеска ја одбележува 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Се очекува еден милион луѓе  да учествуваат на прославите во германскиот главен град, кои вклучуваат концерт и огномет.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека незадржливиот копнеж за слобода довел до рушење на ѕидот и го нарече „чудо“ тоа што бариерата во Студената војна беше прекршена, без ниту еден истрелан куршум.

Таа рече дека Германија секогаш ќе биде благодарна за храброста на Источногерманците кои излегоа на улиците да протестираат против комунистичката диктатура.

Берлинскиот ѕид беше изграден во 1961 година за да ги спречи жителите на Источна Германија да бегаат кон Запад.