Македонија 20 јавни институции немаат пристап за лицата со посебни потреби

20 јавни институции немаат пристап за лицата со посебни потреби

Од вкупно 77 во 20 јавни институции во Македонија нема овозможен пристап за лицата со посебни потреби до првиот кат, покажуваат податоците од проектот „Градење на капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија“ кој е финансиран од Европската Унија.

Додека пак, 64 јавни институции немаат овозможен пристап до вториот кат за лица кои се движат со помош на инвалидска количка.

– Архитектонска пристапност подразбира целосен пристапен влез и рампа, пространа површина во јавните установи за движење со количка, лифт за пристапност до вториот кат, овозможен паркинг простор, тактилни патеки и звучни семафори за лица со оштетување на видот, соодветно осветлување во јавните установи за лица со оштетен слух – велат од Фондација за одржлив економски развој „Преда плус“ која во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп (ЗСМХ) го имплементира проектот.

Оттаму повикуваат да се обезбеди непречен пристап и движење до и во градбата за лицата со посебни потреби во образовни институции, здравствени и државни установи, станбени објекти и спортски и културни установи.