Свет Балкан 12 мигранти загинале во бродска несреќа кај Измир

12 мигранти загинале во бродска несреќа кај Измир

Дванаесет мигранти ги загубиле животите, а 26 биле спасени, во бродска несреќа кај турското пристаниште Измир, во Егејско Море, соопшти турската крајбрежна стража.

Несреќата се случила кога поради невреме се превртел бродот што ги превезувал бегалците во Грција.

Според податоците на турската крајбрежна стража, од почетокот на оваа година настрадале околу 40 мигранти во обид од Турција да преминат во Грција.