Спорт САД: Ќе има нови обвиненија за криминалот во ФИФА

САД: Ќе има нови обвиненија за криминалот во ФИФА

Управата за приходи на САД тврди дека наскоро ќе покрене нови обвиненија околу криминалните активности во ФИФА. Американските власти пред неколку дена обвинија 14 лица за рекетирање, перење пари и за примање мито, од кои деветмина беа челници во Светската фудбалска федерација, додека петмина се директори на приватни корпорации, пренесе „Спортмедиа“ (спортмедиа.мк).

– Верувам дека наскоро ќе имаме уште една нова рунда на обвиненија – изјавил Ричард Вебер од американската управа за приходи (ИРС) за „Њујорк тајмс“.

И покрај корупциските скандали со челниците на ФИФА, актуелниот претседател Сеп Блатер на завчерашниот 65. конгрес на организацијата успеа да добие нов петти мандат.