Главна секција Зврлевски останува со ингеренции на прв обвинител сè до одлуката на Собранието

Зврлевски останува со ингеренции на прв обвинител сè до одлуката на Собранието

Додека не биде разрешен од Собранието на Република Македонија, јавниот обвинител Марко Зврлевски останува на функцијата целосно, вели проф. д-р Гордан Калајџиев.

– Собранието го разрешува, така што до тој момент де факто е на функција – вели Калајџиев.

Тој објаснува и дека упатно е Зврлевски во периодот од денеска, кога Советот на јавните обвинители го поддржа предлогот на Владата за негова смена од функцијата, до моментот на разрешувањето, „како секој нормален човек во таква ситуација, да се воздржи од постапки, упатства и слично“.

Разрешувањето на Зврлевски, според членот 67 од Законот за јавно обвинителство, го врши Собранието на Република Македонија, до кое Владата, која ја почна постапката за разрешување, треба да го достави својот предлог, заедно со мислењето на Советот на јавни обвинители, кое беше донесено денеска.