Македонија Зврлевски денеска се сретнал со амбасадорот Жбогар

Зврлевски денеска се сретнал со амбасадорот Жбогар

Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, попладнево се сретнал со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Самуел Жбогар, информираа од Основното јавно обвинителство.

„На средбата, која беше од протоколарен карактер, се разговараше за улогата и за поставеноста на Јавното обвинителство на Република Македонија, како надлежен орган за спречување и борба против криминалот“, пишува во соопштението на обвинителството.