Свет Балкан Зиберт: Нема основа за нови преговори со Грција

Зиберт: Нема основа за нови преговори со Грција

Нема основа за влез во преговори за нова програма за помош на Грција, изјави Штефан Зиберт, портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел.

Зиберт истакна дека од Грција зависи дали сака да остане во еврозоната, додавајќи дека Берлин чека да види во која насока ќе тргне Атина.

Потпретседателот на Европската комисија, Владис Домбровски, порача дека на Грција и понатаму местото ѝ е во Европа.