Спорт ЖРК Вардар поразен од Турингер во драматична завршница

ЖРК Вардар поразен од Турингер во драматична завршница

Домашниот тим решавачкиот гол го постигна на неколку секунди пред крајот, за конечни 21-20

Ракометарките на ЖРК Вардар се поразени на гостувањето во Германија, кај тимот на Турингер, во неизвесна завршница, во која решавачкиот гол домашниот тим го постигна на само неколку секунди пред крајот, за конечни 21-20.

Најдобра поединка кај Турингер беше Надгорнаја, која постигна осум голови, додека во тимот на ЖРК Вардар, Пенезиќ го заврши натпреварот со шест погодоци.

Ова е последно, шесто коло во првата фаза од Лигата на шампионите, по кое македонскиот шампион е на второ место, зад екипата на Будуќност, која допрва ќе игра со Подравка.