Главна секција Жителите на Тафталиџе со референдум ќе го бранат паркот

Жителите на Тафталиџе со референдум ќе го бранат паркот

Жителите на Тафталиџе ќе побараат од Советот на општина Карпош одржување на референдум во месна заедница Тафталиџе 1, за да се докаже дека граѓаните не сакаат зграда на местото на паркот.

– Граѓаните мора да се послушаат за нивното уставно право за здрава животна средина. Планираме утре да упатиме повик до Советот на општината, да се направи референдум за месна заедница Тафталиџе 1, па конечно и тие да покажат волја дека може нешто да се реши со луѓето кои треба да одлучуваат за својата иднина – изјави Иван Менкиноски од иницијативата „Зелено Тафталиџе“ за novatv.mk

Жителите на улица Букурешка, во скопската населба Тафталиџе денеска се собраа на целодневно дружење, со цел да му се даде до знаење на, како што велат, узурпаторот на овој простор, дека, како што велат, „паркот нема да падне“.