Хроника Жители на Горно Јаболчиште купувале бензин со фалсификувани денари

Жители на Горно Јаболчиште купувале бензин со фалсификувани денари

Велешката полиција поднела кривична пријава против Р.З. (37) и Џ.З. (41) од селото Горно Јаболчиште, осомничени за фалсификување пари, соопшти полицијата.

Според информациите оттаму, осомничените на почетокот на септември минатата година, на бензинска станица платиле со фалсификувана банкнота од 1.000 денари.

Вработените на бензинската го пријавиле случајот во полиција, чии екипи ги пронашле осомничените и при преглед над нив и на возилото со кое се превезувале, пронашле уште две банкноти од 1.000 денари и по една од 500 и од 100 денари, за кои вештачењето покажало дека се фалсификувани.