Хроника Жител на Звегор осомничен за злоупотреба на безвизниот режим

Жител на Звегор осомничен за злоупотреба на безвизниот режим

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднелa пријава против 41-годишниот К.К. од селото Звегор, кој се товари за кривичното дело злоупотреба на безвизниот режим со државите-членки на Европската унија (ЕУ) и на Шенгенскиот договор.

Како што информираат од полицијата, осомничениот, на почетокот на јануари 2012 година, со возило транспортирал пет лица во Швајцарија, кои имале намера да стекнат социјални и економски права спротивно на прописите на ЕУ и на Шенгенскиот договор.

Според полицијата, за транспортот, осомничениот наплатил околу 31.000 денари.