Хроника Жител на Житоша осомничен за измама

Жител на Житоша осомничен за измама

Крушевската полиција поднела кривична пријава против Р.О. (30) од селото Житоша, кој е осомничен дека измамил соселанец, ветувајќи дека за одредена сума ќе му среди за виза и за стан во Швајцарија, информираат од полицијата.

Како што објаснуваат оттаму, осомничениот на својот соселанец му ветувал виза за постојан престој и стан во Швајцарија, осум години, односно од јули 2006 година до јули 2014 година и за тоа повеќепати му зел пари, што, наводно, му биле потребни за обезбедување на документите.

Според полицијата, осомничениот наплатил вкупно 384.000 денари и златник вреден 1.500 евра.