Хроника Жител на Желино го избол брата си со нож

Жител на Желино го избол брата си со нож

Триесет и двегодишен жител на тетовското село Желино, вчераутро со нож го избодел својот три години повозрасен брат, информира полицијата.

Инцидентот се случил околу 8.30 часот во нивниот дом во селото, а по нападот осомничениот побегнал.

Повредениот бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, каде му била констатирана убодна рана во левиот лакт. Лекарите веднаш ја санирале повредата и го пуштиле желинецот на домашно лекување.

По преземените мерки, полицијата успеала да го пронајде и приведе неговиот брат, кај кого бил најден нож.

Од полицијата додаваат дека по документирањето на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.