Хроника Жител на Велешта со нож избодел соселанец

Жител на Велешта со нож избодел соселанец

Струшката полиција поднела кривична пријава против 27-годишниот Л.Н. од селото Велешта, кој се товари дека пред десетина дена со нож нападнал соселанец, соопшти полицијата.

Повредениот А.И. (21) со убодни рани во левата и во десната натколеница, по инцидентот бил пренесен во струшката општа болница, додека осомничениот Л.Н. бил приведен и против него е поднесена кривична пријава за тешка телесна повреда.

Според полицијата, на нападот му претходела расправија меѓу двајцата жители на Велешта додека се разминувале со своите возила во атарот на селото.

Од полицијата додаваат дека меѓу двајцата „подолго време постоела нетрпеливост“ и имале „чести вербални расправии“.