Хроника Жител на Драмче починал од студ и од глад

Жител на Драмче починал од студ и од глад

Ниската температура, која неделава падна под нулата, ја зеде и првата жртва. Четириесет и тригодишниот Златко од делчевското село Драмче, кој живеал сам, во понеделникот соселаните го пронашле мртов.

Лекар од итната помош во Делчево го прегледал телото на починатиот и утврдил дека нема траги на насилство. Првите индикации се дека човекот починал од студ и од глад, потврди портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Починатиот Златко имал семејство во истото село, но живеал одделно во друга куќа. Немал приходи ниту, пак, бил корисник на социјална помош.