Видео Жестоки немири во Франкфурт поради мерките за кризата во Европа

Жестоки немири во Франкфурт поради мерките за кризата во Европа

На улиците на Франкфурт утринава избија судири меѓу демонстранти и полицијата. Еден полицаец е повреден.

Демонстрантите излегоа на улици поради отворање на зградата на Европската централна банка, а неа, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд ги обвинуваат за кризата во Европа.

Блокиран е главниот мост преку реката Мајна, како и кружниот тек покрај зградата на Советот.

Низ градот запалени се контејнери, гуми, хеликоптери го надлетуваат градот, а полицијата со солзавец ги растерува демонстрантите.