Македонија Жерновски собра потписи за независна градоначалничка кандидатура во Центар

Жерновски собра потписи за независна градоначалничка кандидатура во Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, можно е да се кандидира како независен кандидат на претстојните локални избори.

Тој ги собрал законски потребните потписи за независна кандидатура, иако сè уште постои опцијата СДСМ да застане зад него на изборите.

Според роковите на ДИК, независните кандидати имаат рок до понеделник да поднесат потписи за кандидатура.

СДСМ сè уште нема официјално објавено кој ќе биде нивни кандидат на изборите и дали тие ќе го поддржат Жерновски или ќе кандидираат некој друг. Како можен кандидат од редовите на владејачката партија се спомнува сегашниот директор на ЈП „Паркинзи Општина Центар“, Саша Богдановиќ.