Македонија Жерновски на средба со директорите на училиштата во Центар

Жерновски на средба со директорите на училиштата во Центар

Андреј Жерновски, градоначалникот на општина Центар, утре ќе се сретне со седум директори на основните училишта за да разговара со нив за состанокот што вчера тие го имале во гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Во соопштението од Општина Центар пишува дека Жерновски сака да ги праша директорите дали состанокот бил партиски и да им го соопшти неговиот став за тоа дека во неговата општина нема да дозволи партиска политика во образованието.

„Добив информација од присутен на средбата дека во гимназијата се одржува средба на директорите на средните и на основните училишта на територијата на Скопје и ова го споделив со јавноста. Затоа, утре во 10.30 часот ги повикав директорите, да им кажам јасно дека нема да дозволам партиска политика во образованието во Центар. Јасно е што беше тема – да се спречи и да се бојкотира утрешниот студентски марш. На мојата информација немаше никаков демант, уште еднаш сакам да нагласам, никој не смее да внесува партиска политика во образованието во Центар“, наведено е во соопштението.