Свет Свет Жените во Саудиска Арабија конечно добија право да возат

Жените во Саудиска Арабија конечно добија право да возат

Жените во Саудиска Арабија добија право да возат, што претставува пресврт во саудискиот конзервативизам. Промената се случува откако активисти бараа реформи во фундаменталистичкото кралство.

Кралот Салман го воведе новитетот со кралскиот декрет што беше донесен синоќа, барајќи издавање возачки дозволи за жени кои сакаат да возат.

Претходно овој месец, саудиски имам проповедаше дека на жените не треба да им биде дозволено да возат, бидејќи нивниот мозок се намалува за четвртина од мозокот на мажот кога одат на купување. Потоа тој доби забрана да проповеда.

Генералниот секретар на Обедиенти нации, Антонио Гутереш, и американскиот претседател Доналд Трамп, ја поздравија синоќешната одлука на саудискиот крал.

Кралскиот указ предвидува формирање министерско тело, кое ќе даде препораки во рок од 30 дена, а потоа ќе ја спроведе наредбата до јуни 2018 година.