Хроника Жена загина во сообраќајка во струшко Враништа

Жена загина во сообраќајка во струшко Враништа

Синоќа, на регионалниот пат Струга – Дебар, кој минува низ струшкото село Враништа, загина 53-годишна жена, жителка на селото.

Во неа удрило 46-годишно лице од Подгорци, управувајќи патничко моторно возило „ауди а4“, со италијанска регистарски таблички.

По незгодата возачот ја однел повредената во струшката Општа болница, каде била констатирана смрт.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа на полициската станица од Струга.