Економија Зголемената продажба на автомобили во САД сигнал за подобри состојби во економијата

Зголемената продажба на автомобили во САД сигнал за подобри состојби во економијата

Малопродажбата на автомобили и на други производи во САД, во април забележа најголем пораст од 1,3 отсто во последната година, што укажува на зголемување на економскиот пораст по стагнацијата во првото тримесечје годинава.

Продажбата на автомобили истиот месец се зголемила за 3,2 отсто, а прометот во продавниците забележал пораст од еден отсто, што е највисок од мај 2015 година.

Интернет-продажбата се зголемила за 2,1 отсто, што е највисока стапка од јуни 2014 година.