Свет Балкан Земјотреси ги стресoa Турција, Грција, Албанија и Србија

Земјотреси ги стресoa Турција, Грција, Албанија и Србија

Фото: Европскиот медитерански сеизмолошки центар

Земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер претходната ноќ ја потресе соседна Грција, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMСЦ)

Епицентарот на земјотресот бил на 26 километри од островот Хиос, а на 87 километри од Карабаглар во Турција.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, нема опасност од цунами или поголема ескалација на состојбата.

Земјотреси беа регистрирани и на 72 километри од градот Елбасан во Албанија. Во Србија имало земјотрес со јачина од 2.8 степени по Рихтер на 9 километри од градот Чачак.