Македонија Земјотрес во Албанија почувствуван во цела Западна Македонија и во Скопје

Земјотрес во Албанија почувствуван во цела Западна Македонија и во Скопје

Земјотрес што се случил во 11.01 часот денеска на територијата на соседна Албанија е почувствуван во цела западна Македонија и во Скопје.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот бил на 170 километри западно од Скопје, а бил со Рихтерова магнитуда од 5,1.

Во регионите на Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар со интензитет од 4 степени според Европската Макросеизмичка Скала, а во Скопје, Струга и Охрид со интензитет од 3 степени, според истата скала.