Македонија Земјотрес утрово почувствуван во Скопје

Земјотрес утрово почувствуван во Скопје

Локацијата на земјотресот е на 4 километри североисточно од Скопје

Извор: https://emsc-csem.org/

Слаб земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала утрово во 9:54 часот е регистриран во Скопје. Епицентарот на земјотресот е на тромеѓето Македонија-Србија-Косово, на длабочина од 5 километри, се наведува во податоците објавени на веб-страницата на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.

Локацијата на земјотресот е на 4 километри североисточно од Скопје.

Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информираа дека земјотресот бил почувствуван во главниот град.

„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, стои во соопштението на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.