Македонија Земјотрес утрово го погоди Охрид

Земјотрес утрово го погоди Охрид

Земјотресот се случил во 10 часот и 14 минути, информираше Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ

фото: Европско-медитерански сеизмолошки центар (Принтскрин)

Земјотрес со магнитуда од 3,1 степен според Рихтеровата скала утрово бил почувствуван во Охрид и околината. Земјотресот се случил во 10 часот и 14 минути, информираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 31.05.2023 година регистрираше земјотрес 89 km југозападно од Скопје, кој потекнува од епицентрално подрачје Охрид- Струга“, информираа од Сеизмолошката опсерваторија.

Земјотресот бил почувствуван од населението во Охрид и околината со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала и од населението во Ресен, Струга, Вевчани и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот го регистрираше и Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

https://twitter.com/LastQuake/status/1663821529203744768?s=20