Свет Европа Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди Италија

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди Италија

Централна Италија беше погодена од земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтерова скала, пренесуваат италијанските медиуми.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал 30 километри од местото Матињано, околу 100 километри од Рим.

Според податоците, земјотресот се случил ноќеска, на длабочина од 10 километри, а засега нема податоци за жртви или предизвикана материјална штета.

Централна Италија пред неколку месеци беше погодена од два силни земјотреси кои предизвикаа голем број жртви и огромна материјална штета.