Свет Земјотрес регистриран во близина на Тајван

Земјотрес регистриран во близина на Тајван

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на Тајван.

Според податоците на американскиот Геолошки завод, епицентарот на за земјотресот бил на длабочина од 254 километри под морското дно, на 106 километри североисточно од главниот град Тајпеј.

Засега нема податоци за жртви, ниту за причинета материјална штета.