Македонија Земјотрес ноќеска го погоди регионот на Штип

Земјотрес ноќеска го погоди регионот на Штип

Фото: Европско - медитерански сеизмолошки центар (www.emsc-csem.org) / Принтскрин

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала ноќеска го погодил регионот на Штип. Земјотресот се случил во 2 часот и 41 минута утринава и бил почувствуван од населението во Штип и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил регистриран и од страна на Европско – Медитеранскиот сеизмолошки центар кој потврди дека епицентарот бил на 5 километри северно од Штип.

Во моментов нема информации за штети предизвикани од земјотресот.