Свет Балкан Земјотрес ја погоди Романија

Земјотрес ја погоди Романија

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утринава ги затресе источните делови на Романија, а се почувствува и во престолнината Букурешт, соопштија сеизмолозите.

Засега нема извештаи за евентуална штета или повредени.

Рускиот институт објави дека јачината на земјотресот бил 5,2 степени, додека американскиот геолошки завод наведува дека бил од 5,6 степени.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 100 километри, околу 1.20 часот по локално време.

Земјотресот ја погодил областа Вранцеа, североисточно од Букурешт.

Оваа област во 1977 година беше погодена од земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер, при што загинаа околу 1.500 лица, од кои повеќето во Букурешт.