Свет Балкан Земан: Во евроинтеграцијата на Западен Балкан, под знак прашалник е Косово

Земан: Во евроинтеграцијата на Западен Балкан, под знак прашалник е Косово

Претседателот на Чешка, Милош Земан, по дводневниот самит на шефовите на државите од Вишеградската група, изјави дека ја поддржува интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, но наведе дека Косово е под знак прашалник затоа што сè уште го немаат признаено некои членки на ЕУ.

Претседателите на Полска, Анжеј Дуда, на Чешка, Милош Земан, на Словачка, Андрек Киска, и домаќинот на самитот, унгарскиот претседател Јанош Адер, за време на самитот разговарале за проблемите и за евроинтеграцијата на Западен Балкан и се сложиле дека влезот на регионот во Унијата треба да го поддржат, поттикнат и да го забрзаат.