Свет Европа Зеленски: Украинската војска напредува кон Херсон

Зеленски: Украинската војска напредува кон Херсон

Фото: Собрание на РСМ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео обраќање до јавноста синоќа информираше дека украинските сили постепено напредуваат кон областа Херсон, која беше окупирана од Русија на почетокот на инвазијата на Украина.

„Окупаторите се обидоа да воспостават упориште таму, но украинските вооружени сили напредуваат чекор по чекор кон таа област“, ​​рече Зеленски.

Руската армија, која го започна својот напад од Крим, ја зазеде областа Херсон на почетокот на март.