Македонија Здружението „Лесја Украинка“ на скопскиот плоштад ќе ја одбележи годишнината од руската...

Здружението „Лесја Украинка“ на скопскиот плоштад ќе ја одбележи годишнината од руската воена агресија

Oд протестот организиран на 6 март 2023 г. | Фото: Мета.мк

Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ денес во 14 часот, по повод годишнина од почетокот на руската воена инвазија врз Украина, организира митинг на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје.

Учесниците на митингот, од плоштадот „Македонија“, ќе се упатат во паркот „Жена борец“, кој се наоѓа во близина, каде ќе положат цвеќе пред споменикот на Тарас Шевченко, познат украински претседател.

Од почетокот на инвазијата, во Скопје се одржаа неколку протести против руската воена агресија врз Украина.

Украинската химна се пееше во 50 земји во светот, одекна и од Плоштадот Македонија