Главна секција Заврши средбата меѓу лидерите на политичките партии

Заврши средбата меѓу лидерите на политичките партии

Заврши презентирањето на извештајот од Европската комисија. Се очекува лидерите на партиите, заедно со Аиво Орав и со Џес Бејли, да излезат со заедничко соопштение.

„Ние, лидерите на главните политички партии, се согласивме уште еднаш да ја потврдиме нашата согласност, нашата целосна посветеност на договорот од 2 јуни и да продолжиме со разговорите за негово целосно спроведување на лидерско ниво на 29 јуни. Ние, исто така, го поддржуваме транспарентото менаџирање од ЕУ со текстот на овој договор, како и со сите специфични препораки поврзани со системските реформи во областа на владеењето на правото, кои ќе бидат спроведени во интерес на сите граѓани“, пишува во заедничкото соопштение на лидерите.