Свет Балкан Заврши полициската акција во неутралната зона на границата меѓу Македонија и Грција

Заврши полициската акција во неутралната зона на границата меѓу Македонија и Грција

Грчките медиуми јавуваат дека завршила акцијата за отстранување на мигрантите кои се наоѓаа во неутралната зона на границата меѓу Грција и Македонија.

Акцијата во која учествувале околу 350 полицајци, поминала без инциденти, а железничкиот сообраќај е повторно воспоставен.

Во неутралната зона имало најмалку 2.300 мигранти, најмногу од Пакистан, Сомалија, Алжир и од Бангладеш.

Мигрантите со 45 автобуси се пренесени до Атина.