Главна секција Заврши антиџихадистичката акција во Белгија, двајца убиени и повеќе уапсени

Заврши антиџихадистичката акција во Белгија, двајца убиени и повеќе уапсени

Две лица се убиени, а повеќемина се уапсени во рамки на атитерористичката акција на белгиските служби која утринава заврши, соопшти денеска министерот за надворешни работи, Дидие Рејндерс.

Белгиската полиција синоќа изврши серија рации во Брисел, Ајндховен и во Вервие, при што е разбиена џихадистичка група што подготвувала напад.

За време на рацијата во Вервие, осомничените отвориле оган, при што полицијата убила двајца од нив, а едно лице е рането.

Како што соопштија белгиските власти, терористите подготвувале терористички напади слични на минатонеделните од Париз, при кои 17 лица загинаа.

Акцијата на белгиската полиција, според премиерот Шарл Мишел, е доказ за посветеноста на Белгија кон борбата против тероризмот.

– Тоа ја покажува одлучноста на владата да се бори против оние кои сакаат да сеат страв – рече Мишел.