Свет Балкан Затворен унгарскиот автопат M5 поради мигрантите

Затворен унгарскиот автопат M5 поради мигрантите

Унгарија го затвори автопатот M5 откако група бегалци го проби полицискиот кордон кон кампот Роске, на границата со Србија, соопшти унгарската полиција на својата интернет-страница.

Соопштено е дека влезната точка на автопатот М5, која води јужно кон Будимпешта, исто така е затворена.

Унгарската државна новинска агенција МТИ извести дека меѓу 200 и 250 бегалци го напуштиле собирниот центар за мигранти во Роске, во близина на границата со Србија, откако полицијата не можела повеќе да ја задржи групата, претежно млади мажи, кои се спротиставиле на кордонот.

Полицијата се обидува да ги опкружи мигрантите на раскрсницата на автопатот, наведува агенцијата МТИ.