Македонија Заев: Очекувам во рок од 10 дена претседателот Иванов да ми го...

Заев: Очекувам во рок од 10 дена претседателот Иванов да ми го даде мандатот

Во вечерашната „Топ тема“ на телевизијата „Телма“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека очекува утре, или најдоцна до вторник, Трајко Вељаноски да му го предаде кабинетот на новиот претседател на Собранието, Талат Џафери. Заев кажа и дека очекува во рок од 10 дена претседателот Ѓорге Иванов да го даде мандатот на парламентарното мнозинство.

– Мора да го даде мандатот, нема друго. Или, ако не го дава, нека го каже излезот, не може вака, не го давам мандатот, како децата, не ја давам играчката – рече Заев.

Тој раскажа и дел од морничавите работи при вчерашното дивеење, кои не беа откриени на пошироката јавност.

– Ми рекоа „Видете го Села заклан, вие сте следниот!“ – обелодени Заев.