Подглавна секција Започнаа мировни преговори за Украина во Малта, Русија не е присутна

Започнаа мировни преговори за Украина во Малта, Русија не е присутна

Русија ги нарече мировните преговори „бесрамно анти-руски“

Фото: Укринформ

Денес во малта започна трета рунда на мировни преговори за војната во Украина. Присутни се претставници од повеќе од 50 земји, но не и од Русија. Москва го нарече настанот „бесрамно анти-руски“, известуваат Гардијан.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски има план со десет точки за како да се сопре војната. Неговиoт план за мир ја повикува Русија да ја повлече својата војска од територијата на Украина, вклучуваќји го и Крим.

Има советници од повеќе од 50 земји, повеќе од 40-те присутни претставници во средбата во Саудиска Арабија во август. Присутни се претставници од САД, ЕУ, Обединетото кралство, Турција, како и Јужна Африка, Бразил и Индија, членови на меѓународната политичка организација БРИКС, која ја вклучува и Русија.

Засега не е јасно дали претставници од Кина ќе присуствуваат во Малта.

Од Украина велат дека овие средби претставуваат „моќен сигнал“ за тоа дека постои заедништво за Украина.

Од министерството за надворешни работи во Русија, пак, велат дека овие мировни преговори „немаат врска со наоѓањето мирна разрешница“ на војната во Украина.