Свет Европа Запленет кокаин во пратка со лигњи од Аргентина

Запленет кокаин во пратка со лигњи од Аргентина

Италијанската гранична полиција запленила 49 килограми чист кокаин, скриен во контејнер во кој се транспортирале смрзнати лигњи од Аргентина.

Според зборовите на обвинителот на покраината Реџо Калабрија, Федерика Кафиера де Раоа, доколку оваа пратка се нашла во продажба на улиците, би достигнала вредност од 10 милиони евра.

Кокаинот е пронајден во пристаништето Џоја Тауро, а зад тоа, според сомневањата на надлежните, стои калабриската мафијашка организација „Ндрангета“.

Засега не е соопштено дали има уапсени, само дека полициските и царинските органи ја зајакнале контролата на пристаништето.