Економија Земјите од Западен Балкан имаат три милијарди евра во меѓусебни инвестиции

Земјите од Западен Балкан имаат три милијарди евра во меѓусебни инвестиции

На Западен Балкан му се потребни структурни реформи, борба против корупцијата и надминување на уште многу други предизвици. Регионалната соработка е важна за економски напредок и развој.

Ова беше истакнато на прес-конференцијата предизвиците на земјите-членки на Коморскиот инвестициски форум во исполнување на планот на „Берлински процес“, за постигнување на подобра деловна клима во регионот.

– Регионот на Западен Балкан има 3 милијарди евра во меѓусебни инвестиции, што е уште еден доказ дека бизнисот е многу понапред во регионалната соработка отколку политиката. Пазарите на земјите од Југоисточна Европа, заедно зафаќаат само 6,5 отсто од пазарот во Европа и затоа мора да се работи на интернационализација на работењето и на заеднички настап. Излезот мора да се бара во драстично зголемена економска интеграција на регионот – беше истакнато на прес-конференцијата во Стопанска комора.

Меѓудругото, беше потенцирано дека нема веќе национални има само конкурентни и неконкурентни економии засновани на регионално поврзување.

– Европската унија до 2020 година за таа цел ќе издвои 82 милијарди долари и таа е последната шанса, Балканот да оствари некаков приклучок кон развиените земји и затоа е потребна акција – беше порачано на оваа конференција.