Свет Заложничка драма во црква во Франција

Заложничка драма во црква во Франција

Двајца мажи вооружени со ножеви, наводно, киднапирале две калуѓерки и неколку верници и ги држат како заложници во црква во францускиот град Сент Етјен ду Рувај, во близина на Руан. Според одредени медиуми, напаѓачите како заложници држат од четири до шест лица.

Пожарникари, заедно со специјални сили и припадници на единицата за антитероризам се наоѓаат на местото на заложничката драма. Францускиот канал „Ер-те-ел“ јавува дека неколку лица се повредени при нападот.

Засега нема официјални податоци. Локалните медиуми јавуваат дека верничка ја алармирала полицијата за инцидентот.