Свет Европа Заложничка драма во банка во Германија

Заложничка драма во банка во Германија

Вооружен крадец влегол во банка во јужниот германски град Валдшут и како заложници држи двајца вработени, соопшти германската полиција.

„Вооружениот крадец влегол во банката денеска попладне, додека во објектот имало двајца вработени“, стои во полициското соопштение.

Полицијата имала престрелка со ограбувачот, за кој се верува дека е повреден.

Полициските единици поставија кордон во близина на банката, а властите ги повикаа граѓаните да не се движат во тој дел од градот поради тековната полициска акција.