Македонија Закони за фискална и за амнестија на затворениците Албанци, најави лидерот на...

Закони за фискална и за амнестија на затворениците Албанци, најави лидерот на ДПА

Донесување на закон за фискална амнестија со кој сите Албанци ќе бидат ослободени од долговите кон државата и закон за амнестија на затворениците Албанци, најави лидерот на ДПА и носител на кандидатската листа за пратеници во шестата изборна единица, Мендух Тачи, на вечерашниот собир во гостиварското село Вруток.

– Ова е многу важно и затоа тоа ќе биде првото што ќе го направиме по изборите – рече Тачи.

Лидерот на ДПА истакна дека кандидатите за пратеници кои ги понудила неговата партија на овие избори се нови лица со исклучително образование и кои немаат дамки во своите биографии.

Тачи зборуваше и за политиката на нивниот конкурент ДУИ, за која истакна дека не ги исполнила барањата на Албанците и секогаш ги оставала настрана нивните барања за подобра инфраструктура и за подобар живот.