Македонија Закани за Ермира Мехмети, ѝ го оштетиле и автомобилот

Закани за Ермира Мехмети, ѝ го оштетиле и автомобилот

Поранешната пратеничка на ДУИ, Ермира Мехмети, преку својот профил на „Фејсбук“ објави дека ноќеска ѝ бил оштетен автомобилот и оти добива закани.

„Закана, уцена или порака за да ме замолчат? Можете да продолжите да кршите стакла или други работи на мојот автомобил, можете да праќате заканувачки пораки, можете да продолжите со анонимни повици по полноќ… Но, тоа не ја менува политичката реалност дека сте ништо повеќе од трагични губитници!“, напиша Мехмети на својот профил.

Инцидентот доаѓа еден ден откако Мехмети во емисијата „360“ на телевизијата „Алсат-М“ изјави дека најголеми губитници на изборите од 11 декември се ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Таа исто така рече дека „на прстите од една рака можат да се избројат луѓето од ДУИ кои се за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ“.