Свет Европа Загинати цивили во Украина, руските сили извршиле најмалку 250 артилериски и ракетни...

Загинати цивили во Украина, руските сили извршиле најмалку 250 артилериски и ракетни напади

Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, во текот на изминатово деноноќие дошло до 56 оружени судири меѓу украинската војска и руските агресорски сили

Од борбите во близината на Бахмут | Фото: Укринформ (20.05.2023)

Најмалку 117 артилериски напади се извршени вчера од руските сили во регионот Херсон во Украина, при што двајца цивили биле убиени а осуммина се ранети. Во регионот Харкив во слични воени дејствија врз цивилни цели, односно врз 15 населени места, е дејствувано со оружје на земја и од воздух, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

Цел на руски артилериски напад било и едно населено место во областа Никопол. Дејствувано е во текот на ноќта, при што се оштетени две куќи, амбар, стакленик и гасовод.

Сепак, најстрашно било во регионот Запорижја, каде во текот на вчерашното деноноќие, руските сили извршиле 158 напади врз 22 населени места. Притоа биле користени дронови и повеќецевни ракетни лансери.

Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, во текот на изминатово деноноќие дошло до 56 оружени судири меѓу украинската војска и руските сили.