Свет Балкан Загинаа најмалку 20 патници во автобус што сообраќал од Измир до Мармарис

Загинаа најмалку 20 патници во автобус што сообраќал од Измир до Мармарис

Најмалку 20 луѓе згинаа, а 11 се со тешки повреди, по сообраќајката во Западна Турција, кога автобус излетал од магистралниот пат.

Несреќата се случила додека автобусот сообраќал од Измир до Мармарис, на кратко растојание од Мармарис. Тој ја пробил банкината и се превртел покрај патот, додека се движел на ридест терен.

Во автобусот, според гувернерот на провинцијата Мугла, имало 40 патници, претежно жени. Сите биле државјани на Турција.