Култура Зафир Хаџиманов ќе издаде албум со неговите најголеми хитови

Зафир Хаџиманов ќе издаде албум со неговите најголеми хитови

Хаџиманов прославува јубилеј 70 години живот и 55 години работа

Познатиот автор и музичар Зафир Хаџиманов ќе го објави неговото најново цеде, насловено „Како Вардар – Најдоброто од Зафир Хаџиманов“, по повод прославата на својот јубилеј, 70 години живот и 55 години работа.
На овој албум ќе се најдат 19 песни, неговите најголеми хитови како „Љуби ме и главата горе“, „Како Вардар“, „Зајди, зајди“, „Од љубов не се бега“ и многу други.
Цедето кое ќе се објави наредната среда, го издава „Пасворд продукција“ со поддршка од Министереството за кулутура. Публиката ќе може да го добие албумот на Хаџиманов бесплатно со секој број на неделниот магазин „Теа модерна“.