Економија Заев во Софија на работен состанок со Јункер, Борисов, Могерини и Хан

Заев во Софија на работен состанок со Јункер, Борисов, Могерини и Хан

Премиерот Зоран Заев денеска во Софија ќе учествува на работниот состанок на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и бугарскиот премиер, Бојко Борисов, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. На состанокот ќе присуствуваат и високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседска полтика Јоханес Хан.

Тема на состанокот се можностите за забрзување на процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ и подобрување на меѓусебната поврзаност.

На состанокот ќе учествуват и премиерите на Албанија, Еди Рама на Црна Гора, Светозар Марковиќ, како и претседателите на Србија, Александар Вучиќ, на Косово, Хашим Тачи како и членот на претседателството на БиХ, Драган Човиќ.